Категории

Како реагираат хороскопските знаци кога се под стрес?

Стресот е состојба која не може да се спречи, а некои луѓе не можат да го контролираат ни бесот, па ја искажуваат нервозата каде и да се наоѓаат.

Овен

Ги нервираат ситници, па редовно губат нерви во сообраќајната гужва или чекајќи го својот ред на шалтер. Тогаш стануваат директно непријатни, а често во нивниот речник се наоѓа и по некоја пцовка.

Освен тоа, ги нервираат луѓето кои за своите постапки имаат лоши оправдувања или врз нив се врши пририсок на работното место. Нервоза чувствуваат и ако се предолго во затворен простор, ил доколку не се случува ништо околу нив.

Бик

Брзање, лошиот вкус на другите, неппознавањето на општесвените правила и однесување и безобразлукот ги вади од такт.

Доколку се долго време без секс, стануваат фрустрирани, а финансиската несигурност ги тера да ја истураат својата нервоза на другите.

Близнаци

Ништо нема да ги извади Близнаците од такт како однесувањето на луѓето. Арогантни и песимистички поединци со ограничени ставови и без смисла за хумор се во состојба да ги разбеснат. Исто така, не ја поднесуваат добро ни ситуацијата во која тие мораат да молчат или доколку некој постојано ги прекинува, како и околностите во кои мораат да се прилагодуваат според другите.

Рак

Припадниците на овој знак стануваат нервозни доколку се гладни, жешко им е или пак ладно или се неудобно облечени. Провокациите од соговорникот, очигледните неправди и неблагодарноста на луѓето на кои им направиле услуга ги разбеснуваат.

Сепак најмногу ги погодува доколку почувствуваат дека другите ги заборавиле или не им е важно нивното мислење, поради што ќе се налутат.

Лав

Припадниците на овој знак се раздразливи, но како и Овните брзо забораваат што ги налутило. Лошо се чувствуваат ако им биде одземена удобноста, или пак се здебелат, доколку мора да работат за време на жештини или немаат пари за хедонистички уживања. Не им се допаѓаат ни ситуациите во кои нивните таленти не доаѓаат до израз, па други луѓе се поспособни или поталентирани од нив.

Девица

Иако се контролираат максимално, припадниците на овој знак сепак ќе покажат бес доколку околу нив се наоѓа хаос, неред или други луѓе им доцнат на состанокот.

Им пречи и ако другиот не им возврати на пповикот или кога мораат да го менуваат својот распоред. Од такт ги вадат луѓето кои секогаш се жалат и кукаат, а денот кога мора да ги платат сметките за нив е ноќна мора.

Вага

Припадниците на овој знак најчесто се трудат да прикријат дека се луѓе, освен пред најблиските. Најмногу им пречи ако некој им вика или се однесува без почит, не можат да се искажат или кога другиот не се обидува да ги сфати. Незадоволството од сопствениот изглед е еден од честите причини за бес кај нив, како и досадата.

Шкорпија

На припадниците на овој знак не им е потребно многу за да се налутат. Најмногу им пречат луѓето кои кога ќе позајмат нешто не го враќаат, луѓето кои шират лаги за нив или ги обвинуваат за нешто кое не е поврзано со нив. Ќе полудат ако некого уловат во лага.

Стрелец

Во случај на нервоза, припадниците на овој знак се однесуваат непредвидливо, а нејчесто пцујат и викаат. Најмногу им пречи кога луѓето не го кажуваат отворено тоа што го мислат, приговараат или се обидуваат да им го контролираат животот. Лесно се нервираат аји се присилени да бидат дома, кога ништо не се случува во нивниот живот или немаат можност за уживање во своето хоби.

Јарец

Иако кај припадниците на овој знак фрустрацијата долго време се насобира, откако ќе пукнат не се во состојба со денови да се смират. Најмногу им пречи ако другите се однесуваат несоодветно, мора да бидат во друштво кое не им се допаѓа со луѓе кои се однесуваат неразумно или доколку потрошат повеќе пари отколку што сметале. Не постои ништо што ќе го разлути Јарецот повеќе од недовербата на блиска личност.

Водолија

Припадниците на овој знак лесно се лутат и тогаш се склони кон незрело однесување. Нервозни се во ситуации во кои од нив се очекува одредено однесување, па не можат да бидат свои. Им пречи доколкиу другите им се потсмеваат поради нивниот начин на говорење или изгледот, а најмногу ги разбеснуваат ситуациите во кои ги изневерува љубовниот партнер, член на семејството или пријател.

Риби

На припадниците на овој знак не им пречат толки околностите и ситуациите колку однесувањето на други луѓе кое го сфаќаат лично. Сарказмот и провокациите предизвикуваат кај нив бес, а посебно ги разбеснуваат ситуациите кога се трудат околу нешто, а луѓето околу нив не го ценат тоа. Желбата за слатко, доцните ноќни проводи и барањето паркинг место кај нив исто така предизвикува нервоза.

Прегледи:
452
Објавено на:
13.02.2019