Категории

Како реагираат мажите кога ќе им кажете со колкумина сте имале секс?

Мажите сакаат да знаат со колку припадници на посилниот пол сте спиеле пред нив, но не секогаш реагираат позитивно кога ќе го добијат одговорот на прашањето.

Дали треба да му соопштите со колку партнери сте имале секс или пак мудро треба да си премолчите?

Од 1 до 8 секс партнери

Доколку сте во доцните 20-ти, а мажите со кои сте имале секс се од 1 до 8, најверојатно ќе биде помалку збунет и внимателен. Ако сте помлади веројатно ќе си помисли дека сте сакале да експериментирате и сте имале неколку краткотрајни врски.

Од 9 до 15 секс партнери

За модерните жени овој број не би требало да преставува некое поголемо изненадување. Во случај вашиот партнер да реагира збунето најверојатно бројот на жените со кои тој спиел е значително помал од вашиот. Повеќето мажи на овој број гледаат како на поголемо искуство, отколку како на нешто лошо.

seks342

Од 16 до 30 партнери

Со овој број на партнери нештата стануваат интересни. Сè зависи од тоа колку години имате. Доколку сте постари овој број на партнери се толкува како повеќегодишно искуство, но ако сте поприлично млади, а сте спиеле со голем број на мажи, помалку ви оди во прилог. Сигурно нема да му биде сеедно ако имате 23, а веќе сте ја надминале првата десетка. Можеби и ќе се запраша дали воопшто знаете што сакате?

Над 30 партнери

Некои мажи ќе ве гледаат како лесна жена, други пак ќе го ценат фактот што се полни со искуство, па можеби и ќе ги научите на некоја нова секс техника. Сè зависи од тоа дали сте завршиле со традиционалист или пак со либерален тип. За секој случај чувајте си го овој податок за себе за да не стане предмет на расправа за време на некоја караница.

Прегледи:
292
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
09.01.2016