Категории

Како ретроградниот Марс ќе влијае врз нас – Кои хороскопски знаци ќе бидат особено погодени

Марс го започна својот ретрограден циклус кој ќе трае околу два месеци. Што точно значи и што донесува тоа за вашиот хороскопски знак.

Марс е планета на акцијата, импулсите, борбите и војниците, планета на иницијативата, силата и волјата, борбата, директноста, работата и делувањето, дисциплината и нетрпеливоста. Неговата симболика е рушење и градење, страст и желба, енергија.

Дневното владеење на Марс е во знакот на Овен, а ноќното во знакот на Шкорпија.

Во 2020 година се случува редовен ретрограден циклус на оваа планета кој се случува на секои две години и трае околу два месеци.
Почнува на 9 септември и завршува на 13 ноември.
Марс започнува да се движи ретроградно за 29 степени во Овен и ќе се врати до 16 степени во истиот знак. Од својата сенка ќе излезе почетокот на јануари 2021 година и со тоа потполно ќе го заврши својот ретрограден циклус.

Во текот на овој период, се ослободува поинаква енергија па во текот на ретроградниот Марс функционираме поинаку. Природата на Марс особено во своето седише на знакот Овен е да оди само напред без застанување, без размислување, ако треба и со „главата во ѕид“.
Се рушат сите препреки, количината на сила, енергија и волја е исклучително, упорноста е неверојатна.

Кога е Марс во ретроградна фаза, тоа ви е како кога војсоводецот кој до тој миг ја добивал битката, мора да се повчече и да побегне. Тоа делува доста фрустрирачки и наместо таа енергија да стивне, таа почнува да врие одвнатре. Бесот и конфликтите брзо ескалираат, нетрпеливоста и импулсивноста се зајакнуваат и тоа дупло. Лесно се губи контрола врз себеси и останува само нетрпеливоста која не може да се контролира.

Исто така ви се чини дека ништо не се случува доволно брзо нити онака како што сме посакувале, па можеме да направиме избрзани и непромислени потези кои можат да ни донесат сериозни проблеми и да не вратат чекор назад.

Физичката и менталната напнатост е преголема па доаѓа до проблеми со спиењето, притисокот и воспаление од различни видови, повреди, и изгореници.
Ова е период кога нашата енергија е на високо ниво.
Во ваков период астролозите советуваат да се обидуваме да го задржиме својот мир и да се дистанцираме од негативните влијанија, пред да донесеме одлука или да кажеме нешто да избориме до десет.

Еве како ќе влијае ретроградниот Марс врз секој хороскопски знак:

ОВЕН
Не влегувајте во конфликти, особено не на деловен и емотивен план – овде победникот сигурно нема да бидете вие а можете да останете само во голема загуба. Научете да го чекат својот момент. Контролирајте го бесот и импулсивноста. Не ја трошете залудно вашата сила и не започнувајте нови деловни проекти.

БИК
Психата ќе ви биде преоптеретена. Стравови, неодумици, и внатрешни конфликти се воможни кои ќе влијаат врз вашиот понатамошен живот. Проблеми со спиењето. Доколку вашето работно место е поврзано со затворени системи – болница, тајни служби, институти – можете да бидете под голем притисок.

БЛИЗНАЦИ
Проблеми со пријателите, друштвениот живот но и финансиите. Ќе се чувствувате оневозможено да ги остварите своите цели, планови и желбите ќе одат побавно од очекуваното. Афери преку друштвените мрежи и „напади“ од непознати личности со кои сте во контакт преку нив.

РАК
Семејните односи се затегнати до граница на пукање. Тешкотии со еден од родителите. Меѓугенерациски конфликти. Големи проблеми во деловниот сегмент, можни се и лоши односи со надредените, притисок од обврските. Емоционалните партнерства функционираат тешко, можни се разделби.

ЛАВ
Ќе сфатите дека некои нешта кај себеси ќе морате да ги промените, но тоа ќе оди тешко и бавно. Внатрешни конфликти можат да се одразат и на вашето здравје. Плановите се моментално неостварливи и предалечни, не е вистиснки момент за нив. Проблеми на факултетот или образовението.

ДЕВИЦА
Финансиски тешкотии. Проблеми со постоечки кредити и позајмици – исто така не ви се препорачува додатно да се задолжувате во овој период. Доколку имате деца – големи трошоци поврзани за нив. Неможност да ги реализирате вашите планови. Заљубување во погрешна личност.

ВАГА
Проблеми во семејниот дом, на роботното место, во емоционалните партнерства. Можни се раскинувања. Многу лесно може да се случи да водите битки на три фронта. Неосновани напади врз вас од страна на личности кои се само желни за расправии. Обидете се да го сочувате внатрешниот мир.

ШКОРПИЈА
Ужасен притисок во деловните обврски. Проблеми во комуникацијата на работното место, во околината и извршувањето на секојдневните обврски. Водете сметка за своето здравје, одливот на енергија ќе биде доста висок, ќе бидете подложни на повреди.

СТРЕЛЕЦ
Проблеми и потешкотии со помладите членови во семејството, загриженост за децата и зголемување на трошоците поврзани за нив. Не ризикувајте и не играјте кога се во прашање парите – ќе бидете во загуба. Враќање на личност од минатото каде почетниот момент може да биде возбудлив, а подоцна сето тоа ќе ве пресретне.

ЈАРЕЦ
Неможност да се прилагодите на новонастанатите околности, а тоа може да доведе до конфликт во семејното опкружување. Проблеми со челн од семејството, еден од родителите. Брачните врски можат да бидат сериозно разнишани. Неопходно е да го ублажите својот став околу многу прашања.

ВОДОЛИЈА
Во многу нешта ризикувате па можете и да бидете во голема загуба. Внимавајте во сообраќајот и комуникацијата со околината и најблиските, лесно може да дојдете до конфликти. Преголема агресивност во пристапот со другите.

РИБИ
Бидете особено внимателни околу финансиите. Секој погрешен чекор може да ве чини скапо. Тешкотии во заработката, каснење на исплатите. Проблеми со пријателите. Можете да дојдете до немилост од оние на кои сметате најмногу. Друштвениот живот ќе стивне.

Прегледи:
95
Објавено на:
13.09.2020