Како се менувало лицето на човекот низ еволуцијата – 6 милиони години во 90 секунди! (ВИДЕО)

Џон Гурш е палеоуметник кој врз основа на проучувањето на фосили, а користејќи различни техники на скицирање, создал приказ на еволуцијата на човековото лице. 

Во нешто повеќе од минута и пол ги спакувал промени кои нашиот лик ги претрпел во последните шест милиони години, а деталите од истражувањето кои ги спровел се објавени во книгата „Обликувањето на човештвото“. За да се претстави историјата на човечкиот лик, Гурш користи знаење од науката и уметноста, но и фантазијата.

Неговото видео во јавноста предизвикало бројни полемики, како меѓу научната заедница, така и меѓу лаиците. Едни го фалеле за проектот, додека други дури му замериле дека направил расистички портрет на човекот.




Коментари

коментари