Како се однесува секој од хороскопските знаци кога е заљубен?

Сите ќе се сложиме дека љубовта е најубавото чувство на светот и дека заљубеноста го прави животот полесен и посреќен. Меѓутоа, луѓето различно ги покажуваат своите емоции, некој лесно ги покажува додека друг вешто ги крие.

Овен

Овој хороскопски знак е еден од најбрзите, најпребирливите и самоуверени знаци, па ретко кога ја крие својата вљубеност. Ќе ве заведува, но пред да ви пријде ќе се погрижи да изгледа најдобро што може. Нема да ја тргне насмевката од лицето.

Бик

Тој е типичен земјен знак со кој владее Венера, па има тенденција да остане на место. Да не е Венера која симболира љубов, романтика и убавина, Бикот не би имал многу среќа во љубовта. Меѓутоа, имаат добра интуиција и кога ќе се заљубат нивните емоции се искрени. Тие се мајстори на суптилниот флерт. Го сакаат својот простор, но доколку забележите дека ве допираат по рамениците или рацете, тоа е знак дека тргнале во акција.

Близнаци

Понекогаш луѓето не знаат во која насока се развива нивниот однос кога станува збор за Близнаците бидејќи тие се со двојна природа. Тие на сите им даваат еднаква шанса, што значи дека флертуваат со сите, но кога некој навистина ќе им се допадне, работите можат да станат многу конфузни.
Близнаците еднаш ќе се однесуваат како да сте ѕвезда, а другиот пат ќе бидат ладни и недостапни. Но, доколку го забележите ова контрадикторно однесување кај Близнаците, значи дека им се допаѓате.

Рак

Иако Раковите се полни со кардинална енергија, што значи дека создаваат акции, тие се исто така воден знак, што ги прави чувствителни и срамежливи. Заљубените Ракови ќе се држат понастрана, а ако остварат контакт со очите веројатно ќе поцрвенат и ќе го тргнат погледот.

Лав

Заљубениот Лав никогаш не е суптилен. Тие сакаат да се секогаш во центарот на вниманието, но кога некој им се допаѓа, дополнително ќе се потрудат да ја покажат својата најдобра страна.
Кога конечно ќе останат сами со некој кој им се допаѓа, ќе бидат топли, весели и полни со внимание, а ако се одлучат за врска, во неа ќе вложуваат многу и ќе го очекуваат истото за возврат.

Девица

Заљубената Девица не покажува чувства и емоции, туку ќе го набљудува човекот кој и се допаѓа и ќе ги запомни промените во неговото однесување, навиките, што сака и не сака.
Ќе знаете дека и се допаѓате на Девицата кога ќе почне да прави мали услуги без да го побарате тоа од неа. Ќе се погрижи да ви биде удобно во нејзино друштво и ќе почне да носи облека во боите кои ви се допаѓаат. Ретко кога ќе го направи првиот чекор, но сигурно ќе ве покани да излезете со нејзиното друштво.

Вага

Венера владее со Вагата па затоа и не е чудно што љубовта и е една од основните нешта во животот без која не може да живее. Кога ќе се заљубат, јасно ќе ви стават до знаење дека се случило тоа. Ќе го имитираат вашето однесување и говор за да ви се приближат.
Вагата без проблем ќе го направи првиот чекор, но тоа нема да го направи директно, туку одоколу. Но, тоа е само глума.

Шкорпија

Припадниците на овој знак се склони кон таинственост и не сакаат да ги откриваат своите мислења и чувства. Но, кога ќе пронајдат некој на кого не можат да му одолеат, тој човек ќе биде свесен за тоа. Што и да прават, ќе ги следи погледот на Шкопријата.
Ќе го направат првиот чекор, но остатокот од додворувањето ќе го префрлат на потенцијалниот партнер за да проверат дали е и тој вљубен во нив.

Стрелец

Не ги крие своите емоции, туку има внатрешна потреба да испраќа сигнали на искреност и вистина каде и да оди. Ова е огнен знак кој е склон кон патување и лутање, така што нема премногу да чека кога сака нешто.

Јарец

Знак кој е познат по резервираноста и дисциплината, но кога ќе се заљуби, сигурно ќе му пријде на својот потенцијален партнер. Неговото однесување ќе биде како на постар господин, што ќе изгледа малку нереално, но неговата неспретност при заведувањето всушност е најголем показател колку му се допаѓате.

Многу се сталожени и сакаат да испратат слика на светот дека се стабилни и мирни сами со себе. А кога се заљубени паѓа фасадата и ќе направат сѐ за да покажат дека таа личност им е најважна на светот.

Водолија

Дружељубиви се и сметаат дека сите им се пријатели. Но, знаат да ги одвојат емоционалните проблеми и да бидат објективни при решавањето на проблемот. Поради тоа некогаш изгледаат ладно.
Кога ќе забележите дека Водолијата е нервозна, тоа е сигурен знак дека му се допаѓате. Ќе блеска во некој нов сјај, секогаш ќе биде насмеан и ќе изгледа како да лебди.

Риби

Иако добро ги кријат тајните, тие своето срце го носат на ракавот, а кога некој им се допаѓа, тешко е да се разграничи дали само мечтаат или навистина размислуваат за вас како за партнер.

Еден од знаците дека им се допаѓате е тоа што ќе сакаат да поминат повеќе време со вас, бидејќи инаку сакаат да поминуваат време сами.




Коментари

коментари