Категории

Како се однесуваат хороскопските знаци кога го изневеруваат партнерот?

Раковите кога изневеруваат често се правдаат со замор, Вагите постојано ќе се дотеруваат, а Девиците ќе ве критикуваат постојано, но доколку вие нив ги изневерите ќе се видите на суд.

Близнаци

Близнаците изневеруваат: Иако тие самите ќе се променат ненадејно штом почнат да изневеруваат, сепак ќе ги набедат своите партнери дека тие се промениле кон нив. Освен тоа, партнерот одеднаш ќе стане крив за се, а доколку пукне врската, ќе ги убедат сите дека тие не се криви за тоа. Еден од честите показатели дека Близнаците се неверни е тоа кога одеднаш им треба повеќе време да вратат на порака или повик.

Реакција на неверство: Неверството ќе ги погоди многу и ќе почнат да го преиспитуваат својот живот и врската. Ќе сакаат да го покажат гневот врз партнерот, но истовремено нема да сакаат да му покажат дека неверството ги повредило. Едно е сигурно, Близнаците по неверството ќе ја прекинат целата комуникација со партнерот, барем додека самите не одлучат што понатаму.

Рак

Ракот изневерува: Раковите не сакаат да ја изгубат сигурноста, но ни љубовникот. Кога се неверни честопати ќе наоѓаат изговори дека се уморни и преоптеретени со обврски. Доколку Ракот почне да троши многу пари, а не знаете на што ги троши, бидете внимателни што прави.

Реакција на неверство: Неверството кај Раковите остава трајни последици. Откако партнерот ќе го изневери, во секоја наредна врска ќе биде оптеретен дали повторно ќе го доживее истото искуство. Но, бидејќи обожаваат деца и прават се за семејството, подготвени се да простат.

 

Лав

Лавот изневерува: Ќе глуми дека се е во ред. Ќе стане совршен партнер, мажот во знакот на Лав ќе ви угодува на сите можни начини, а жената ќе ви ги подготвува најомилените јадења и секогаш ќе биде дотерана.

Реакција на неверство: Освен што се повредени, ги мачи потсмевањето од околината и помислата дека во очите на другите е срушена идеалната слика за нивната врска. Тешко е повторно да му веруваат на партнерот и затоа веројатно ќе го остават.

Девица

Девицата изневерува: Секогаш има алиби. Но, стануваат критични и провокативни и секогаш ќе ги истакнуваат вашите маани. Доколку жената во знакот на Девица почне да го избегнува сексот, време е да се посомневате во нејзината верност.

 

Реакција на неверство: Откако ќе дознаат за неверството, ќе ангажираат адвокат за да дознаат што добиваат, а што губат со разводот. Смирено ќе настојуваат да го доведат својот живот во ред, но без поранешниот партнер.

Вага

Вагата изневерува: Додека изневеруваат, се однесуваат како вљубени пубертетлии. Постојано се дотеруваат, тушираат и пресоблекуваат. Се ќе направат да го сокријат неверството, а доколку дознае партнерот, ќе кажат дека тоа било само флерт.

Реакција на неверство: Ќе настојуваат да ги сфатат мотивите на партнерот и на дипломатски начин ќе се обидат да го решат проблемот. Знаат да простуваат, а се водат по мотото човечки е да се згреши. Дури и да сфатат дека е готово, ќе се борат до крај.

Скорпија

Скорпијата изневерува: Скорпијата изневерува таинствено и смирено. Мажот Скорпија ќе продолжи да спие со својата партнерка и нема да губи интерес за неа, а другите жени ќе ги гледа со вљубен поглед. Но, и понатаму ќе биде љубоморен и секогаш ќе ве проверува.

Реакција на неверство: Веднаш сакаат да дознаат која е третата личност. Сакаат да се осветат и во истиот момент да ги завршуваат сите физички и емоционални врски со партнерот, без разлика дали станува збор за врска, брак или деца.

Стрелец

Стрелецот изневерува: Ќе ги открие филозофирањето, така што мажот Стрелец ќе говори како врската станала монотона, а жената ќе престане да забранува и ќе се бори за рамноправност. Но, Стрелецот ќе ви признае дека ве изневерил уште пред да се посомневате.

Реакција на неверство: Ќе се обиде да ги најде причините поради кои е изневерен. Нема веднаш да размислува за развод или раскинување, туку ќе разговара со партнерот за да увиди колкава е шансата за љубов и исправување на грешката.

Јарец

Јарецот изневерува: Доколку се впуштат во неверство, тоа може да значи крај на досегашната врска, бидејќи не можат да функционираат растргани на две страни. Доколку станува збор за минлива авантура, најверојатно партнерот тоа никогаш нема да го дознае.

Реакција на неверство: Ќе ја поднесат дрскоста на партнерот, но неверството никогаш! Без прашања ќе го остават партнерот, а смирувањето со него нема ни да им падне на памет. Целиот настан ќе се обидат што побргу да го заборават.

Водолија

Водолијата изневерува: Во мажот Водолија посомневајте се кога ќе почне да предложува слободна врска, а жената кога ќе почне да говори како и треба друштво и контакт со повеќе луѓе и дека во вистинската врска нема простор за проверки.

Реакција на неверство: Свесни се дека неверството е честа појава во врските и браковите, па тоа нема да ги шокира. Можеби ќе се обвинуваат себеси. Нема да го прекинат односот, дури и ќе го зголемат својот интерес за партнерот.

Риби

Рибите изневеруваат: Рибите се способни да сакаат повеќе партнери истовремено и еднакво да се однесуваат кон нив. Неретко се губат во своите лаги, а најдобро ќе ги откриете кога ќе се поднапијат. Тогаш се ќе признаат, а следниот ден ќе негираат.

Реакција на неверство: Толку се врзуваат за партнерот, што на неверството понекогаш остануваат слепи. Не сакаат да ја увидат вистината, а доколку партнерот ја „сервира“ на груб начин, ќе хистеризираат и ќе паднат во депресија. Но, нема да го остават.

 

Прегледи:
561
Објавено на:
11.04.2018