Категории

Како се шминката принцезата Диана – Конечно е откриена нејзината beauty тајна

Познатата шминкера на славните открива се до детали.

Во четвртата сезона на серијата „Круна“ која пристигна на Нетфликс, одлучивме да се присетиме и повторно да го оживееме нејзиниот најпопуларен makeup изглед на сите времиња. Кога се работи за шминката на принцезата Диана, нејзината поранешна визажистка Мери Гринвел била личност која воела сметка за тоа дури 3 години. Таа е заслужна и за легендарниот изглед кој принцезата Диана го носела на своето прво снимање за насловната на Vogue.

 

Мери Гринвел пред неколку години, во соработка со Лајза Алдриџ сними туторијал кој е заснован на изгледот кој често го креирала за принцезата Диана. Видеото е објавено на Youtube и од тогаш е прегледано милион пати. резултатот е шминката која ја носела принцезата Диана како и миговите кои Мери ги поминала со неа пред повеќе од 20 години.
Принцезата Диана се шминкала доста едноставно а од тогаш многу нешта се промениле во светот на шминката. Принцезата Диана секогаш внимавала на тоа кожата на лицето да и е чиста и негувата, а хидратацијата била клучен чекор во нејзината рутина.

Прегледи:
665
Објавено на:
22.11.2020