Како се справува со досадата секој од хороскопските знаци?

Лавот ќе ја искористи досадата за да се опушти, Ракот секогаш ќе пронајде занимација, а најлошо им е на Близнаците, Рибите и Овните.

Овен

Темпераментните и активни припадници на овој знак се големи љубители на акција, а на самата помисла на досада кај нив се јавува нервоза. бараат инстант решение, а единствен критериум им е да бидат во движење. Обично досадата ја решаваат со физичко движење, шетање или возење велосипед, а знаат да ги ангажираат и пријателите да организираат дружење. Досадни може да им бидат и луѓето кои ги доживуваат како напорни.

Бик

Припадниците на овој знак не се нестрпливи типови кои од животот очекуваат секогаш да е исполнет со важни нешта, па во периодот на досада ќе побараат друга занимација и смирено ќе причекаат да наиде некое возбудување. Нивниот лек за досада е читање весници, пиење кафе и други активности кои го опуштаат. Од здодевните луѓе само ќе се тргне, без да предизвика кавга.

 

Близнаци

Припадниците на овој знак не поднесуваат пасивни периоди во кои ништо не се случува и многу повеќе сакаат да живеат „под полна пареа“ и под стрес отколку да се справуваат со здодевноста. Дури и ако им е здодевно, сами ќе измислат ситуација за да предизвикаат кавга само да се случува нешто. Лек за здодевноста најчесто им се другите луѓе, заедничката забава или почнувањето нови проекти.

Рак

Припадниците на овој знак како да се имуни на досадата, а тоа благодарение на својот редок талент во се да пронајдат некој облик на забава. Во периодите во кои баш ништо не им се случува, ќе најдат занимација во облик на работа, набљудување други луѓе, трачарење со најблиските или пак гледање добри филмови или документарци на телевизија.

Лав

Припадниците на овој знак не се имуни на досада, но имаат едно многу добро решение за тоа – а тоа е одмарањето во кое уживаат. Сакаат да лежат, да дремат или пак со часови да се сончаат на тераса со кафе до нив, а тоа им одговара се додека не се претвори во секојдневие. Тогаш почнува да ги нервира, а забавата ја очекуваат од страна на љубовниот партнер. Ако го немаат? Ќе се потрудат да најдат.

 

Девица

Припадниците на овој знак не сакаат да се чувствуваат бескорисно, освен ако се на одмор. За нив забава претставуваат дури и најбланалните работи, како купување, кога деновите им се однапред испланирани, а ако им ги променат плановите и не понудат алтернатива, ќе се налутат. Тогаш с тешко срце ќе се одлучат да ги пополнат деновите со домашни обврски.

 

Вага

Припадниците на овој знак честопати во животот знаат да се најдат во ситуации кога ни самите не знаат што сакаат, па затоа ќе посакаат забава со многу луѓе, но некогаш и тоа бргу им здосадува и посакуваат да се дома и да гледаат ТВ. Поради таа неодлучност, на крај честопати избираат да не направат ништо од тоа и им станува здодевно. За среќа, тоа чувство трае многу кратко бидејќи лесно се окупираат со тоа што го прават.

 

Скорпија

Припадниците на овој знак честопати тајно сакаат мала можност за мир, осамување и ативности кои луѓето околу нив не ги разбираат. Компјутер, стрипови или лежење и одморањето се резервирани за деновите кога им е здодевно, а тогаш нема да чвствуваат никаква нервоза поради тоа што го пропуштаат, бидејќи во нивните животи секогаш се случува нешто интересно.

Стрелец

Припадниците на овој знак се многу активни типови на кои досадата им го покачува притисокот, а кога немаат можност да се забавуваат се претвораат во вистински работници за да го пополнат своето време. Притоа, завршуваат банални задачи, а во позадина планираат некое дружење, спортска забава или патување, па тоа им дава сила и ги смирува.

 

Јарец

Припадниците на овој знак го сакаат чувството на контрола во врска со се, па така и во носењето со досадата, а се плашат од неа единствено ако немаат алтернатива. Најчесто сами даваат се од себе за да организираат некое дружење или забава, а на пат нема да дозволат да им застанат финансиските непогоди. Нема да се двоумат и сами да седнат во кафуле или да прошетаат. Се додека се движат, се е во ред.

Водолија

Исклучително друштвени личности за кои поимот досада означува препуштање сам на себе, без ниеден проект на кој можат да му се посветат. Инаку, тие се во состојба со часови да градат и сложуваат нешто, но потоа под итно им е потребна доза дружење. Ако им е здодевно, стануваат зајадливи и песимистички настроени.

 

Риби

Иако припадниците на овој знак, како и Водолијата, ги ценат луѓето и потребно им е друштво, во период на досада не очајуваат. Во состојба се да мечтаат и планираат далечни случувања од иднината, како уредување на станот кој се уште го немаат, венчавката со партнерот со кој се уште не се познаваат и слично. Нивната бујна фантазија, слична како на Раковите ги прави прилично отпорни на негативните последици од здодевноста.

 




Коментари

[fbcomments]