Категории

Како се справуваат со неверство: Бикот враќа со иста мера, Вагата јавно го понижува партнерот

Секој од нас различно реагира на неверство, и додека некои знаци можат да простат како што е Лавот, за други како што се Стрелецот и Јарецот тоа ќе биде крај од кој нема враќање.

Овен

Овните се искрени и верноста им е најважна. Кој и да ги повреди овие две темелни вредности, може да оќекува тешки последици. Овенот ќе и се јави на вашата мајка, вашиот шеф или ќе објави на социјалните мрежи што сте направиле.

Бик

Ако го повредите Бикот, тие ќе посакаат да ве повредат вас. Ќе сакаат да видат како патите. Долго ќе ви паметат што сте направиле. Тие нема веднаш да настапат доколку дознаат дека сте ги изневериле. Настапот ќе го подготвуваат некое време.

Близнаци

Сѐ што имате вредно тргнете од дофатот на Близнакот. Ако ги изневерите, ќе ви уништат сѐ што сакате. Буквално. Толку ќе се налутат што нема да знаат што да прават, а тој испад на бес ќе трае некое време.

Рак

Ако се чувствувате лошо затоа што сте го изневериле Ракот, тогаш ќе се чусвтвувате уште полошо. Од нив не очекувајте бес и фрлање предмети како од Близнаците. Тие ќе ви набијат чувство на вина на најлош можен начин. Не бидете изненадени ако и кажат на вашата мајка што сте направиле и колку се разочарани од вас.

Лав

Ако го изневерите Лавот, сметајте дека сега тој ја има целата контрола во своите раце. Секако, ако одлучи да ви прости. Ќе мора да му поднесувате сметка за секој чекор бидејќи веќе нема да ви верува. Ако сакате да ја вратите изгубената доверба ќе мора да се докажувате некое време.

Девица

Најпрво ќе биде збунета и некое време можеби ќе размислува дали е таа крива за сѐ. Но, кога ќе сфати што се случило ќе ве етикетира како тотален кретен и веројатно ќе ви земе нешто што многу ви се допаѓа.

Вага

Откако ќе се опорави од почетниот шок, Вагата ќе најде начин да ве понижи јавно. И навистина ќе ужива во тоа.

Шкорпија

Не се лажете. Шкорпијата ќе изгледа како воопшто да не ја погодило неверството. Но, тоа е само затоа што размислува како ќе го искористи својот отров.

Стрелец

Кога ќе дознае за неверството, тоа е тоа. Стрелецот повеќе нема да комуницира со вас никогаш. Ако живеете заедно, ќе ви ги исфрли работите на улица и преку семејството или пријателите ќе ви порача што ви посакува. За него оваа приказна е завршена.

Јарец

Што било меѓу вас, веќе нема да се повтори. Јарецот нема да дозволи да имате било какви права врз неговиот живот. Ќе продолжи да живее без вас. тивко ќе пати и никогаш повеќе нема да ви проговори.

Водолија

Можеби малку ќе полуди кога ќе дознае што сте направиле, но откако ќе се смири едноставно ќе замине од тој однос.

Риби

Ќе плачат со денови во неверување што се случило. Но, потоа тагата ќе се претвори во бес, па не бидете изненадени доколку ви ја дупне гумата на автомобилот или нешто слично. Потоа, ќе се прави дека ништо не се случило и ќе продолжи со својот живот. Сама, секако.

Прегледи:
1034
Објавено на:
08.11.2021