Категории

Како се вљубуваат личностите кои се анксиозни?

Личностите кои патат од анксиозност имаат поинтензивни чувства од останатите..

Личностите кои патат од анксиозност се заљубуваат како и секој друг човек, само што нивниот ум постојатно пронаоѓа милион причини зошто не треба да се заљубат.
Тие се заљубуваат бавно, претпазливо, затоа што постојано размислуваат – „Ова сигурно нема да потрае.. Ова сигурно не е реално.. Ова е премногу добро за да би било вистинито..“ Нешто постојано го уништува мигот, ја уништува надежта која најпосле ја пронашле.
Надежта дека некој конечно ги разбира, дека можат да се потпрат на некому и да му веруваат.

Стравот уништува се дека не се доволно добри, дека не го заслужуваат сето тоа и дека ако го доверат нивното срце во нечии раце може да биде скршено во секој миг.
Но анксиозните луѓе се заљубуваат толку жестоко што вложуваат се што имаат. Тие се плашат но истовремено и ризикуваат. Тие ги ценат големите и малите нешта.

Тие се вљубуваат повторно и повторно со секое утро, со секој разговор, со секоја насмевка.
Тие се вљубуваат во малите нешта затоа што тие прават да се чувствуваат нормално.
Тие се вљубуваат интензивно и целосно. Она што ги дели од останатите е тоа што тие се предаваат и веруваат дека вистински го заслужуваат тоа.

Прегледи:
533
Објавено на:
21.07.2020