Категории

Како секогаш да оставате добар впечаток кај другите

За да го оставите својот печат на другите, најпрво морате да го откриете и да го почувствувате самите во себе.

Енергијата која секој од нас ја носи се разликува и зависи од нас, нашите животни, личност и нашата количина на свест. Начинот на кој зрачиме не може да се научи нити да се одглуми. Колку и некој да се труди однадвор да изгледа на овој или на оној начин, нема да успее да ја излаже енергијата која неговиот соговорник ја чувствува во текот на разговорот. Некои луѓе едноставно не можете да ги заборавите откако со нив ќе поминете некое време исполнето со квалитетен разговор, без оглед на тоа колку добро ги познавате. Тоа не зависи од тоа што го рекле нити од темите на разговор, туку исклучиво од нивната енергија.

Она по кое другите ќе ве паметат е вашата енергија
Енергијата која секој од нас ја поседува е дел од нашиот сопствен идентитет, и никој не може да ја одглуми. Секоја личност со која ќе дојдеме во контакт можеби нема да се сеќава како сме изгледале, нити за што сме разговарале, колку сме имале години, но ќе се сеќава како сме зрачеле.
Постои една популарна изрела која гласи: „Луѓето ќе заборават што сте рекле, луѓето ќе заборават што сте направиле, но луѓето нема никогаш да заборават како се чувствувале поради вас.“

Бидете свои и работете на себе за имате што повеќе да му подарите на светот. Тежнејте да бидете автентични а не совршени. Луѓето кои се автентични, кои во животот се искрени спрема себеси и другите, имаат одлична енергија.

Секој сака да остави добар впечаток кај другите и да ги импресионира со својат аличност. Желбата да бидеме потполно свои и автентични, но истовреме да се покажеме во најдобро светло понекогаш може да не направи да се чувствуваме „распнати“ помеѓу овие две одлуки. Ние всушност се прикажуваме во најдобро светло тогаш кога сме свои.

Бидете автентични!

Бидете причината поради која другите ќе се чувствуваат добро кога се во ваше друштво, барем за миг. Тоа можете да го направите со вашиот пристап, разбирање, внимание, слушање, страст, изнесување идеи, претставување решенија за некој предизвик итн.

Ако комуницирате така што сте свои, го изразувате она кое го мислите и истовремено им дозволувате на другите да го „земат“ и запознаат тој дел од вас, ќе оставите впечаток којј тие никогаш нема да можат да го заборават. Уште подобро нема да сакаат да ве заборават.

Прегледи:
937
Објавено на:
31.05.2020