Категории

Како што поминуваат годините, имам сѐ помалку време за овие нешта

Се повлекувам од неважните нешта затоа што сакам уште малку да уживам во сето добро кое ми го пружи животот.

Обрнувам се помалку внимание на конфликти и расправии, а се повеќе го чувам внатрешниот мир. Како што поминуваат годините се помалку дозволувам да ме навредуваат туѓите навреди, едноставно се дистанцирам од нив затоа што сфаќам колку е драгоцено да не размислуваш за враќање, освета, сплетки и времето да го поминуваш со луѓе кои ги сакаш и кои те сакаат тебе, сфаќам колку всушност тоа е луксуз.

Како што поминуваат годините се помалку придавам важност на брзањето во овој свет кое ми набива стрес затоа што сфаќам дека ништо не е толку итно и неодложливо, и не се мора ништо – освен да се умре. Како што поминуваат годините се повеќе трагам по луѓе кои се слични како јас, се помалку гледам на оние кои се држат високо и во чие друштво некогаш сакав да бидам, компромитирајќи се себеси и дозволувакќи очекувањата на другите да создадат неред во мојот живот.

Како што поминуваат годините се помалку сакам да му се правдам на другите зошто нешто правам, зошто ги менувам некои нешта, а зошто не. Сакам да имам повеќе време за себе а помалку за луѓето кои се со мене само затоа што моментално не можат да бидат со некој друг, па ете јас да им убивам време и самотија. Како што поминуваат годините сфаќам дека молчењето е најдобриот одговор на сите напади затоа што тие кои се борат против вистината, не вреди да се расправам со нив.

Како што поминуваат годините сфаќам колку скапо ја платив зрелоста и како многу луѓе не го разбираат односот во кој довербата и искреноста се нешто што се подразбира, па мора особено да им се нагласува. Колку време ми преостанува – тоа не го знам, но знам дека не смеам да го трошам времето на нешто што искуството веќе ме научило. Се повлекувам од неважните нешта затоа што сакам уште малку да уживам во сето добро кое ми го пружи животот.

Прегледи:
283
Објавено на:
25.12.2019