Категории

Како до совршена кожа без пудра

Козметичките производи во целосно не можат да помогнат за здравиот изглед на кожата и спас од неправилностите.

Тука играат улога голем број на фактори меѓу кои е начинот на исхрана и доволниот сон но сето тоа заедно во комбинација со негата резултира до вистинско решение. Еве што е особено важно за да постигнете убава и здрава кожа на лицето и кога на себе немате пудра.

 

Пилинг
Тој е особено важен чекор во негата на кожата. Него треба да го практикувате 1-2 пати неделно користејќи гел, пена, или може да е домашно припремен. Секогаш нежно масирајте го лицето што ќе направи тој да делува длабински.

Држете се до правилната beauty рутина
Чистење, тоник, серум, крема. Тоа е златната низа која секојдневно морате да ја практикувате доколку сакате убава кожа. Без прескокнување и одложување, без разлика колку и да сте уморни навечер, никако не смеете да ја занемарувате негата на лицето. Колку повеќе му посветувате внимание тоа толку повеќе ќе ви благодари.

Исхрана
Исхраната е најважниот чекор. Доколку сакате убава кожа тогаш морате да внесувате доста витамини. Конзумирајте овошје и зеленчук избегнувајте преработена храна. Држете се до здравата исхрана а тоа ќе се одрази на вашата кожа на наобар можен начин,

Прегледи:
437
Објавено на:
19.08.2017