Категории

Како старееш почнуваш да живееш за миговите кои не можат да се опишат со зборови

Како стануваш постар, твојот поглед на светот се повеќе станува појасен

Не ти возбудливи повеќе излегувањата на популарни места нити ти е грижа кого ќе го видиш таму или кој ќе те види тебе. Доволен ти е само твојот дом, погледот на заоѓањето на сонцето и личноста со која си ги читате мислите. Потребна ти е една драга личност која ќе те разбере во твојот свет и која ќе ја разбереш без многу зборови во тишината.

Како стануваш постар, немаш повеќе време некому да не му значиш, уште од почетокот се оддалечуваш од луѓе кои не те почитуваат, луѓе кои само те искористуваат и луѓе кои те игнорираат. Сфаќаш дека е добро да имаш повеќе пари но е поважно да имаш мир и чиста совест па повеќе не оптеретуваш со тоа како да заработиш уште повеќе. Почнуваш да уживаш во оние мали нешта кои порано не си ги забележувал.

Како стануваш постар почнуваш да живееш за миговите кои не можат да се опишат со зборови. Не ти значи повеќе тоа како изгледаш, што ќе облечеш на себе, како ќе те гледаат другите, од сето тоа поважно ти е како ќе се чувствуваш. Го ослободуваш срцето од замерките, веќе не ја паметиш секоја од нив и не очекуваш премногу од луѓето. Ти станува доволно онолку колку што ти е потребно за живот а се повеќе од тоа ти доаѓа сеедно. Сфаќаш дека среќата навистина се крие во малите нешта.

Кога станува постар животот станува по едноставен, не комплицираш повеќе и ги замолуваш комплицираните личности да те одминат. Како старееш сфаќаш колку е драгоцен секој миг и повеќе нити еден не препушташ на случајноста туку одлучуваш да го поминеш во она кое те исполнува и те прави среќен. Не се грижиш повеќе што ќе кажат луѓето и како ќе те гледаат, сега уживаш знаејќи дека животот е само твој и ти ги одредуваш правилата во него.