Како тибетскиот хороскоп ја открива вашата карма?

Од првите цивилизации, до ден денес, луѓето се обидувале да дознаат што носи иднината. Древните цивилизации го набљудувале светот околу нив, забележувале и запишувале одредени промени во природата во обид да ја предвидат природата.

Тибетскиот хороскоп се заснова на верувањето дека секој од нас, во зависност од датумот на раѓање, има свој “пат на мудроста”, цел и кармична задача.

Овен
Тој е херојски змеј кој се бори со внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја поседува енергијата на планетата Марс, поради што најчесто бега од монотонија.

Карма: За него е најдобро да се занимава со хуманитарна работа, или со некја друга општествено корисна професија.

Карма: Треба да научи да живее во сегашноста, да медитира и да научи како да ги издржи тешките животни предизвици. Треба да ги заборави неуспесите, само така ќе успее да го пронајде својот мир.

Бик
Претставува раст, разбирање и мудрост. Го штити Венера, која му дава сигурност, бидејќи има искуство од минатите животи.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Биковите не ги мотивира безбедноста, туку сомнежот. Конзерватизмот можат да го победат доколку научат да ја контролираат својата енергија.

Близнаци
Претставуваат знаење и интелигенција. Нивниот владетел е Меркур, а луѓето родени во овој знак се социјални, снаодливи, љубопитни, но и површни, сакаат да лажат и се нестабилни.

Карма: нестабилност, осцилации во расположението. Доколку научат да бидат реални во реализирање на големите цели, ќе научат како да ги надминат противречностите во својата природа.

Рак
Го претставува знаење и инкарнација на духот во физичкиот свет. Симбол е на породилноста. За да се заштити, сѐ чува во себе. Духовниот мир го пронаоѓа во семејството. Го карактеризира емоционална незрелост, постојана потрага по внимание и докажување на љубов.

Карма: Мора да се ослободи од посесивноста поради која ги губи блиските луѓе околу себе.

Лав

Претставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Лавот учествува во материјалниот свет, сака да успее и постојано се докажува како лидер. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата да се докажува.

Карма: Ако не управува со својата енергија, може да претерасо себичноста. Треба да научи да слуша и учи. Исто така, треба да научи да им помага на другите, со тоа ќе ја намали потребата постојано да биде во центарот на вниманието.

Девица
Претставува целосна рамнотежа меѓу духот и телото. Со години развива критички дух во неа, па често изразува незадоволство. Одмаздољубивост и е најголемата маана.

Карма: Доколку сака да созрее духовно треба да престане да биде себична и да почне да се грижи за другите.

Вага
Бара баланс помеѓу материјата и духот. Поседува мирен темперамент, активна е, но не превртува, што е среќна комбинација за успешен општествен живот.

Карма: Ова е најнестабилниот знак на зодијакот, бидејќи е премногу чувствителен. Мора да го најде балансот на духот и да се убеди себеси да биде поактивна.

Шкорпија
Шкорпијата е конфликт на духот и материјата. Сака да живее и не се плаши од смртта. Ја карактеризира егоизам, убавина, сензуалност и посесивост. Може да се изгуби во неконтролирани сексуални импулси.

Карма: Научете да ја штедите енергија и да ја контролирате деструктивната моќ во себе.

Стрелец
Го претставува победа на борбата меѓу духот и материјата. Треба да престане да дели правдина и да се плетка во сечиј живот. Сака да поседува материјални добра и да ужива во успехот.

Карма: Треба да научи дека не може да го стекне целото знаење од овој свет, како и да научи да ја чува енергијата, а не да ја расфрла на сите страни.

Јарец
Успехот доаѓа преку искушение. Ја знае целта на своето патување, работи во тишина, живее во осаменост.

Карма: За да се развие треба да научи како повеќе да контактира со луѓето.

Водолија
Нема илузии и управува со својата карма. Често е иницијатор кој го познава интелектуалниот механизам на духот.

Карма: Секогаш живее во страв дека ќе ја напуштат или предадат луѓето што ги сака.

Риби
Претставуваат синтеза на повторно раѓање. Рибите се деца на морето.

Карма: Треба да научат да се опуштат и да го бираат полесниот пат во животот.




Коментари

коментари