Категории

Како треба да изгледа вистинската љубов?

Остани сингл се додека не ја запознаеш личноста која ќе прави да се смееш кога те боли. Таква личност која ја лечи твојата болка од минатото за која таа не е причината. Но најважно од се е што те прави да ја заборавиш. Личност која ти покажува дека љубовта не е болка нити страдање. Остани сингл додека не ја запознаеш личноста со која едноставно ќе знаеш дека е поинаку.

Остани сингл се додека не запознаеш личност која ќе ти покаже дека можеш да веруваш и на некој друг освен само на себеси. Личност која ти се јавува кога ќе ти каже дека ќе ти се јави. Личност која ти враќа на пораките и никогаш не прави да се сомневаш и да се прашуваш. Остани сингл се додека не запознаеш личност која е секогаш тука за тебе. Таква која те почитува и се однесува спрема тебе подобро од било кој претходно.

Личност која ти помага да се изградиш и верува во тебе дури и ако е таа единствената која верува. Личност која ти помага да спиеш подобро навечер затоа што е покрај тебе. Личност која ти недостига уште пред да и кажеш „пријатно“. Остани сингл се додека не запознаеш личност која го кажува она што го чувствува без да се плаши. Личност која не само што ќе те запознае со своето семејство, туку и ќе направи да се чувствуваш како дел од него.

Личност која знае како да направи да се чувствуваш подобро кога денот е лош. Личност чие присуство прави да се чувствуваш малку поцелосно. Таква која го редефинира поимот љубов во кој си верувал на многу начини. Остани сингл додека не запознаеш личност која прави да се чувствуваш сигурно дека те посакува во својот живот во иднина. Таква личност кога ќе погледнеш во нејзините очи ќе ги видиш своите наредни 50 години.

Личност која ти кажува „те сакам“ и го чувствува тоа во секоја своја коска. Личност со која понекогаш ќе се расправате нои ќе се борите еден за друг. Остани сингл додека не запознаеш личност која ќе те направи подобра. Таква која ќе те направи посреќна отколку што некогаш си замислуваш дека можеш да бидеш. Остани сингл додека не запознаеш некој кој ќе биде и твој најдобар пријател. Твојата втора половина. Твоја сродна душа. Личност која не можеш да замислиш да не ја познаваш и да не е дел од твојот живот.
Се до тогаш, остани сингл.

Прегледи:
242
Објавено на:
24.11.2020