Категории

Како треба да се однесувате за да бидете џентлмен на улица?

Многумина забораваат на бон тон правилата за добро однесување. Ако сакате да бидете џентлмен на улица, треба да внимавате на следните правила.

Кога одите по улица, за да си го олесните движењето себе си, но и на другите и да избегнете незгодни ситуации, важно е да почитувате некои основни правила.

Секогаш се препорачува да одите по десната страна на улицата. Во случај некого да удрите одејќи, а вие сте виновни, должни сте да се извините.

Кога се шетате со детето важно е да одите на страната поблизу до патот, а детето да биде измеѓу вас и на пример ѕидот од зградата, затоа што така го штитите детето од евентуални незгоди.

Иста положба треба да имате и кога одите во друштво на женски или постари личности.

Распоредот се менува ако по улицата се движат тројца. Ако двајца мажи се движат со една жена, таа го добива почесното место во средина. Од левата страна е помладиот маж во друштвото, а од десната постариот.

Во друштво на две жени, мажот го добива местото во средина, а во друштво на тројца мажи- најстариот и најугледниот е во средина, а најмладиот од левата страна.

Почесното место меѓу две жени важи само ако не врне дожд. Во случај да заврне, во средина е постарата жена, а џентлменот има задача од десната страна да и носи чадор на жената.

Доколку во друштвото има четири луѓе, тие не одат во иста линија. Четворица во иста линија го попречуваат нормалното движење на останатите. Затоа треба да се поделат во две групи. Напред се жените и старите, а позади мажите и младите. Исклучок се, секако, децата. Децата секогаш одат напред за да ви бидат „на око“.

Бон тонот бара од мажите да бидат џентлмени во секоја прилика, па дури и при преминувањето на улицата. Мажот е должен да и даде предност и да покаже почит кон женска или постара личност, освен во случај кога тоа би предизвикало непотребна гужва или застој.

При движење по скали,нагоре мажот треба да оди прв, а надолу жената. Исто така, на жената треба да и се отстапи посигурното место, поблизу до гелендерот.

Кога излегувате или влегувате во кола, должни сте на сопатникот да му ја отворите вратата.

На улица најчесто не треба да се јаде. Но, со сладолед, печени костени, пуканки- можете да го прекршите ова правило, додека за останатото почекајте додека да стигнете дома.

Прегледи:
827
Објавено на:
19.05.2019