Категории

Како треба да се сака жената? Боб Марли дал најдобра дефиниција за тоа!

Уметноста поврзува и раздвојува. Уметноста е идеален начин да покажеш колку се грижиш. Низ неа ќе успееш да објасниш многу повеќе отколку со обични зборови. Уметноста е љубов, а љубовта е жена. Барем така мислеше Боб Марли. Растафаријанецот знаеше да сака и да чувствува љубов. Кон светот, а особено кон жената. И совршено објаснил како треба да се сака таа:

„Можеби нема да бидеш нејзиниот прв маж, ни последен или единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и после тебе. Но, ако те сака сега, зарем е важно било што друго? Таа не е совршена – но не си ни ти.

Затоа немој да ја повредиш, немој да се менуваш, не ја анализирај и не очекувај повеќе отколку што може да ти даде. Смеј се кога те прави среќен, дај и до знаење кога те излудува и нека ти недостига кога не е во близина.“

Прегледи:
906
Објавено на:
15.01.2020