Како успеа ова 8. годишно девојче да стане кралица?

Како и повеќето 8-годишници, девојчето со шведско-американско потекло, Сага Ванечек го поминало поголемиот дел од своето лето надвор од домот. За разлика од авантурите на други деца, искуствата на Ванечек резултирале со неверојатно археолошко откритие: меч стар 1.500 години.

Ванечек пронашла антички артефакт при посетата на езерото Видостерн со своето семејство.Кога го здогледала мечот, мислејќи дека е дрво, сакала да го фрли. „Бев надвор во водата, фрлав стапови и камења за да видам колку далеку прескокнуваат, а потоа најдов некаков вид стап“, изјавила таа за шведскиот весник “Локално”. „Го зедов и ќе го фрлив назад во водата, но имаше рачка, и видов дека малку е заострен на крајот и ‘рѓосан. Го дигнав во воздух и реков: „Тато, најдов меч!“

Откако нејзиниот татко го испитал мечот, контактирал  археолози во музејот Јонкепингс Ленс. Тие веруваат дека овој добро сочуван меч е стар помеѓу 1.000 и 1.500 години. Долг е околу 85 сантиметри, а околу него има дрво и метал.

Следејќи го ова извонредно откритие, археолозите на музејот побарале од Сага и нејзиното семејство да ја задржат својата приказна во тајност, за да можат да го пребараат езерото за да пронајдат повеќе богатства. За време на овие пребарувања, нашле монета од 18 век и што е уште поважно, брош за кој веруваат дека може да биде стар колку и мечот.



Откако музејот му дал на семејството зелено светло за да ја раскаже приказната на Сага, нејзиниот татко сподели неколку фотографии на Фејсбук. Епската приказна брзо стана вирална и ја поттикна јавноста да ја прогласи Сага за кралица на Шведска и на Интернет.

А што мисли Сага во врска со оваа титула? Според нејзиниот татко, таа сѐ уште има соништа да стане лекар, ветеринар или актерка во Париз, иако ужива во учењето за “стари работи”. Да живее Сага!




Коментари

коментари