Категории

Како вашата коса да расте побрзо – Трик кој треба да го применувате при миењето

Ако го направите ова додека ја миете косата, ја охрабрувате вашата коса да расте побрзо!

Козметичарите имаат различни третмани и производи кои го стимулираат растот на косата, но да почнеме со нешто нежно, природно и едноставно – миење на косата. Миењето на косата, односно чистењето на скалпот и корените на косата не е само прашање на хигиена, туку можете да поттикнете побрз раст на косата со одредени трикови за време на миењето. Нашата коса е секојдневно изложена на цел спектар на негативни ефекти врз скалпот, како што се нечистотии, бактерии, лојни жлезди, прашина. Експертите истакнуваат дека само скалпот, поради потење и нечистотија, е погоден за развој на бактерии што може да го забави растот на косата. Затоа е важно редовно и внимателно да ја миете косата, покрај масажата, и да го ослободите скалпот од неповолни фактори.

Косата што често се третира со производи за стилизирање на коса е подложна на нечистотија и растот на косата се забавува. Затоа, обидете се да ја намалите употребата на такви козметички производи. Исто така, важно е да изберете шампон и регенератор кои се навистина погодни за вашиот тип коса, и за да бидете сигурни и дека сте го одбрале вистинскиот, консултирајте се со експерт.

Масажата на главата за време на миењето е совршен стимуланс за раст на косата. Започнете да го триете скалпот од челото сè до задниот дел на главата со врвовите на прстите. Покрај тоа што позитивно влијае на косата, масажата на главата е одличен начин за релаксација.

За време на плакнењето на шампонот, променувајте ја температурата на водата, но не одеднаш топло-ладно, туку на потопло и млако. Поради промените на температурата, протокот на крв во горните слоеви на епидермисот е зголемен, што ги усогласува сите процеси на раст и регенерација на скалпот. Ова е особено ефикасно за тенка коса на која е потребно дополнително тонирање на кожата.

 

Прегледи:
572
Објавено на:
27.05.2021