Како вешто да ја сопрете и уништите секоја критика

Не постојат совршени луѓе и баш поради тоа ќе се најде некој кој секогаш ќе пронајде причина како би го осудил она што го правиш. За жал, критиките никогаш нема да можеш во потполност да ги избегнеш, но можеш да научиш како да ја извлечеш најважната лекција од нив.

Ви споделуваме неколку едноставни совети кои го покажуваат начинот на кој би требало да реагираме на нечии приговори и критики кои ни се упатени нам.

Кажи „Да!“
Кога некој ќе ве предизвика, прво што треба да направите е да ги смирите своите емоции и да се помирите со фактот дека секоја личност има право на свое мислење. Ако таа некоја личност собрала храброст да ви каже нешто што не е баш пријатно да се каже, тоа значи дека таа сака да воспостави дијалог со вас и ве смета за доволно важни како би ги упатила истите.
Карактеристиката на ова однесување е поголема доза на искреност отколку личностите кои во главно молчат.

Обидете се да ги согледате нештата од туѓа перспектива и пронајдете го она во кое би можеле да се согласите и вие самите. Личноста која ви ја упатува критиката автоматски очекува одбивање и тоа е во човековата природа. Но кога истата таа личност ќе ги чуе зборовите „фала ти“, наместо одбивање и отпор, ќе остане збунета во позитивна смисла.
Кога ќе кажеме „Да!“ на нечиј прекор, треба да се подготвиме да започниме еден конструктивен дијалог со личноста од другата страна.

„Но..“
Нечија критика најчесто не се поклопува со нашите ставови и разбирања на одредени ситуации. Баш поради тоа исклучително е важно отворено да го искажувате своето мислење. Треба да се фокусирате на истакнување на објективните информации, а не да се обидувате да ги оправдувате, затоа што во тој случај давате дојам дека од друга страна ни самите вие не разбирате што се случува. Луѓето се желни да прифатат кога ќе им се понуди објаснување на пристоен и прифатлив начин.

Зборот „но“ ни помага кога е потребно да се завземе сопствен став кој искрено зборува дека не се сложуваме со сето тоа кое го зборува другата личност. Дури и ако сме свесни дека таа има право да не критикува, не сме присилени да го прифатиме истото како вистина.

„Би можеле..“
Кога ќе ја слушнете критиката и јасно ќе го искажете своето мислење, важно е заеднички да се донесе одлука за тоа што би требало да се направи следно.

Ако одговориме на критиката на овој начин, негативната реакција всушност може да има позитивен ефект и да ни помогне да увидиме во кои подрачја можеме да се поправиме. Овој процес е доста важен во градењето на квалитетни односи со другите луѓе.

Имаш право да погрешиш
Секако слушањето на критики не е едноставно, а уште потешко е да се осигура позитивен исход од истото. Некои луѓе сметаат дека и најбезначајна критика е доволна причина смртно да се навредат и да го прекинат односот со некој.

Сите имаме право да згрешиме и не мораме да трошиме толку енергија обидувајќи се да го сокриеме тоа од себеси и од другите. Што помалку страуваме од грешките,ќе доживуваме помалку стрес а нашите шанси за успех и негово постигнување ќе бидат значително повисоки. Ако ги отвориме можностите некој да не критикува, ќе ја зголемиме користа од информациите со кои сме желни да се соочиме и со луѓето кои сме спремни да ги вклучиме во нашиот живот.




Коментари

[fbcomments]