Категории

Како вистински се чува љубовта? – Како песок!

„А сега собери уште малку и нека раката ти биде отворена како лажица.. Доволно затворена за да ја зачуваш, и доволно отворена за да биде слободна.“

Мајка и син шетале по плажата. Во еден миг, детето ја прашало својата мајка:
„Мамо,што треба да се направи за да се сочува љубовта?“

Мајката го погледната за миг и потоа му одговорила: „Собери малку песок и силно затвори ја раката..“
Детето ја затворило раката полна со песок, и забележало дека што повеќе ја стега во својата дланка таа се повеќе истекува од неа.
„Мамо, но песокот истекува на сите страни“ , рекло детето.
„Знам.. Сега земи малку песок и задржи ја раката отворена..“ – рекла мајката.
Детето ја послушало, но силен удар на ветрот во еден миг ја однел сета песок од раката.
„Но мама, ни така не успевам да ја зачувам!“
Тогаш мајката му се насмевнала и му рекла: „А сега собери уште малку и нека раката ти биде отворена како лажица.. Доволно затворена за да ја зачуваш, и доволно отворена за да биде слободна.“
Детето направило онака како што му рекла мајката и песокта не побегнала и останала заштитена од ветрот.
„Тоа го правиме за љубовта да остане“, рекла мајката.

Прегледи:
423
Објавено на:
07.05.2020