Како зелените површини помагаат со загадувањето во воздухот

Зелените површини влијаат и на прочистување на составот на воздухот. Во современиот свет, посебно во големите градови, има зголемување на арозагадувањето, кое потекнува од индустриските објекти, сообраќајот итн. Тие можат да се групираат на различни начини, но општо прифатено во светски рамки е поделбата според нивното потекло и тоа од цврста и гасовита состојба. 

За смалување на аерозагадувањето и загадувањето на средината, се превземаат акции за примена на електрична енергија, наместо
традиционалните горива (нафта, јаглен), индустриските и други оџаци се снабдуваат со филтри, кои го спречуваат емитирањето на загадувачите во атмосферата и се користат растенија кои се релативно отпорни на аерозагадување.

Различни видови на растенија задржуваат различни количини на честички на листовите и гранките. Некои испитувања покажуваат дека зимзелените видови можат на игличките да задржат и до 30 пати поголема количина од некои листопадни видови, што зависи и од видот и карактерот на честичките.

Санитарното значење на дрвјата во собирање на честичките е големо и во зимскиот период. Крошните од дрвјата и без листови задржуваат просечно 37% од вкупната количина на честички од воздухот, посебно кога се во прашање видови со густи распоредени гранки и гранчиња, како што е липата. Вкупната количина на талог од честичките на листовите од различни растенија, во текот на периодот на вегетација, многу се разликува и зависи многу од особините на видот. Истражувањата покажуваат дека на листот од брестот се задржува 3,39 г/м2 честички од аерозагадувачот, јоргованот 1,61 г/м2, ситнолисната липа 1,32 г/м2 и тополата 0,55 г/м2. Акумулацијата на честичките од загадувањето на листовите од дрвјата и грмушките на зелените површини е поголема доколку зелените површини се поголеми. Малите зелени површини се многу помалку ефикасни, посебно ако се наоѓаат далеку од изворите на загадување.

Интензивниот автомобилски сообраќај ја зголемнува количината на честички и гасовити загадувачи во воздухот, кои заедно формираат агрегати, составени од механички честички од прашина, делови од асфалт, микроскопски ситни честички од елементарно олово, гасовити загадувачи, водена пареа и др. Растенијата располагаат со одредени механизми кои му се спротиставуваат на загадувањето. Некои испитувања укажуваат дека повеќето растенија можат да поднесат без видливи оштетувања количина на талог (честици) од 0,75 – 1,50 г/м2 (дневно, посебно ако дождот ги мие повеќето наталожени честички во текот на краток временски период.

Општо земено, растенијата можат многу успешно да се користат за заштита на градовите од различни штетни гасови и чад. Така шумата за осум часови може да апсорбира 80% озон од воздухот над крошните. Одредени истражувања покажале дека 500м широк зелен појас од дрвја и грмушки може да ја редуцира концентрација на СО2 за 70%, а концентрацијата на NOх за 67%.
Растенијата пречистувањето на воздухот од честичките гасови го вршат со помош на т.н. вертикално пречистување на атмосферата. Бидејќи повлажниот и поладен воздух над зелените површини континуирано го заменуваат со отворениот простор, носеќи го нагоре со себе гасовитото загадување. Бројните, големи и наизменично (мозаично) подигнати зелени површини од отпорни видови на загадување можат во голема мера да придонесат за причистување на воздухот во градот.




Коментари

[fbcomments]