Категории

Каква е жената на која мажите постојано и се враќаат?

Можеби ова ви е добро познато сценарио. Дали сте се прашале кои особини ги поседувате па се случува вашите поранешни партнери да ве молат повторно да се смирите?

Жените кои мажите ги памтат и на кои често, дури и по многу години им се враќаат, имаат неколку особини поради кои тоа е така. Секако, постојат различни вкусови, што некои мажи преферираат а што не, но ние се водиме според статистиките спроведени на стотици илјади мажи ширум светот кои се изјаснија по повод ова прашање. Ова се основните особини на жената која постојано го добива вниманието на мажите.

Карактерна
Голем дел од жените мислат дека на мажите на прво место им е изгледот, но тоа е голема заблуда. Изгледот го земаат како најважен кога сакаат само краткотрајна авантура. Она што го ценат кај жената е цврстиот доверлив карактер на кој можат да се потпрат, а не цимолење кое на голем дел од мажите им оди на нерви.

Духовита
Духовитата жена, без оглед на тоа како изглед секогаш ќе го привлече мажот. Духовитоста оди рака под рака со симпатичноста, харизмата и подготвеноста нешто да се сврти на веселата страна.

Поинаква
Секоја жена во себе носи доза на оригиналност, но многу не знаат како да ја истакнат таа особина. Мажите особено ги привлекуваат жени кои по нешто се „издвојуваат“ од поголемиот дел и тоа знаат да го покажат. Истакнете ги своите скриени страни без срам.

Верна
Секако сите сакаме партнер кој нема да не лаже и изневерува, па така и мажите сакаат верна жена. Довербата во врската и бракот е темел.

Добра љубовница
Интимната страна е една од најважните во односот помеѓу мажот и жената. Потрудете се да бидете иновативни во интимните односи со мажот кој го сакате. Ова важи и за оние во долги врски кои со годините станале негрижеливи па со тоа ја уништиле врската или бракот.

Недостижна
Немојте секогаш да бидете на располагање. Не брзајте на повикот или пораката на партнерот да одговорите веднаш. Бидете понекогаш недостапни, одбивајте интимност, излегување и слично. Тоа мажите ги возбудува и привлекува, затоа што им дава дојам дека сте недостижни и дека не може секој лесно да стигне до вас.

Прегледи:
553
Објавено на:
18.01.2020