Какви се хороскопските знаци кога вистински ќе се заљубат?

Лавот се предава себеси целосно, а Јарецот е нежен и романтичен.

Начинот на кој се заљубуваме е единствен. Секој ја искажува својата заљубеност на различен начин и ги манифестира своите чувства. Еве што кажува за тоа астрологијата

Овен
Кога Овенот ќе се вљуби, тогаш тоа е сериозно и тој бестрашно и цврсто се држи за љубовта. Не размислува дали нешто може да тргне наопаку или дали можеби ќе биде повреден. Тој е премногу ентузијастичен и уверен во својата нова љубов дека тоа е онаа вистинската. Никако не сака да пропушти нити еден миг без својата сакана личност.

Бик
Се заљубува на начин на кој ги прави и сите работи во животот – полека и методично. Му требаат месеци да запознае некого, да воспостави врска и да провери дали таа партнерот ќе биде верен. Не се отвора лесно и не го дава своето срце на секого, неговата љубов мора да се заработи.

Близнаци
Близнаците се склони кон екстремно заљубување. Сакаат на сите да му раскажат за тоа како се чувствуваат, особено на оној кој е заслужен за нивните емоции. Покажуваат дека се заљубени со секое свое движење, мисли и зборови. Кога Близнаците се заљубени за нив целиот свет станува розов.

Рак
Раковите поминуваат низ широк спектар на емоции додека конечно сфатат дека се заљубиле. Тој се обидува да ги прикрие своите емоции и да изгледа спонтално и релаксирано.

Лав
Се заљубува со сето свое битие. Сака да е заљубен и не може да се воздржи. Љубовта го инспирира и прави да се чувствува како семоќна личност. Доживува налет на струја и енергија.

Девица
Се заљубува претпазливо. Сака да знае се за личноста која му го освоила срцето. Чита љубовни романи, гледа филмови и проучува што се случува во телото кога човек ќе се заљуби. И се препушта на љубовта и сака да открива се за неа.

Вага
Заљубувањето за Вагите е како дишењето и се заљубуваат без напор. Заљубувањето е лесен дел а кога нештата ќе добијат нови димензии, почнува да се грижи.

Шкорпија
Се заљубува длабоко и силно. Ја чувствува страста во своето тело и не може да престане да мисли на саканата личност, постојано сака да е во контакт со неа а кога не е чувствува физичка болка. Кога Шкорпијата ќе се заљуби, партнерот му станува се на светот.

Стрелец
Се заљубува слободно. Тој не е знак кој се лути или прави драма.Тој сака љубовта да е слободна и среќна, сака да биде спонтан со партнерот, и со него гради весен однос.

Јарец
Склони се кон внимателно заљубување. Секогаш ги донесуваат најдобрите одлуки дури и ако имаат одлична смисла за хумор, не сакаат да испаднат глупави. Немаат совршен приказ за романтичната врска, па одат пополека и се надеваат на најдоброто.

Водолија
Кога Водолијата ќе се заљуби, тоа го прави потајно. Не се едни од оние кои кога ќе се заљубата викаат од врвот на некоја зграда колку се заљубени нити за тоа му раскажуваат на секого. Сакаат да бидат сигурни во своите чувства пред да ја обелоденат својата љубов. Понекогаш се толку таинствени што и самите се изненадуваат од своите чувства.

Риби
Тие се внимателни и по секоја цена се трудат да го заштитат своето срце, но љубовта не сакаат да ја одбијат. Не сакаат да брзаат и да ги повторат грешките од минатото, понекогаш не знаат што да направат. Сакаат да бидат заљубени но тоа ги плаши.




Коментари

коментари