Какви ти се мислите, таков ти е и животот: Еве кои нешта влијаат врз животниот век

Овој проблем го имаат се повеќе луѓе

Резултатите од неодамнешното истражување на институтот Блаватник на медицинскиот факултет на Харвард укажуват дека клучот за долговечноста исто така може да зависи и од нивото и видот на мозочни активности.
Авторите на студијата открија дека прекумерната неуронска активност доведува до помал животен век. Премногу обврските и непрекинато апсорбирање на информации од различни извори и без планирано време за одмор или пауза, можат да доведат до преоптеретување на мозокот.

А преоптеретениот мозок ги убрзува промените врзани за староста и процесите на меморија и размислување. Научниците открија и дека директна врска помеѓу долговечноста и одмерената функција на мозокот: ако личноста не го оптеретува мозокот, ќе живее подолго.

Желбата за чувство на поврзување со светот се појачува во сите старосни групи. Според истражувачкиот центар Пев, повеќе процеси на информации го спречуваат нашиот мозок да се фокусира, или да исполни една задача или да омори. А нормалното стареење бара ограничување на неуронските активности.
Во текот на една студија на Харвард, научниците проучуваа стотина мозоци на починати возрасни личности. Тие луѓе починале во доба помеѓу 60 и 100 години и биле „когнитивно здрави“.

Споредувајќи ги генетскиот материјал на испитаницие на различни возрасти, научниците дошле до неверојатно и шокантно откритие: Луѓето кои починале во старосна граница од 85-100 години, имале помала експресија на генот поврзан со прекумерната активност на неуронит еод оние кои умреле деценија порано (60-80).




Коментари

[fbcomments]