Категории

Какво значење има вечерашнава полна „розева“ месечина?

Полната месечина или позната како „розева“ месечина на небото ќе сјае вечерва, но какво значење има таа? Името не го добила заради тоа што е навистина розева, иако има навистина убава боја, туку нејзиното име доаѓа од старата индијанска традиција на именување на месечините. 

Имено, ова е прва полна месечина по пролетната рамноденица, а името го добила според дивите цвеќиња флокс, кои имаат специфична и многу убава розева боја, а цветаат во овој период.

Полната месечина овој Април е специфична заради тоа што го до диктира почетокот на многу празници. На пример Велигден паѓа на првата недела после полната месечина која се појавува после пролетната рамноденица. Исто така го диктира почетокот на еврејската Пасха и фестивалот Хинду.