Камерон Дијаз му кажа збогум на актерството! Никогаш не сум била толку среќна и сакана

Холивудската убавица која ја паметиме по филмовите „Чарлиевите ангели“ и „Сите се луди по Мери“ последен пат се појави пред филмското платно пред четири години.

Додека многумина мислеле дека тоа е само кратка пауза во која Камерон сака да се оствари во мајчинството и да се посвети на приватниот живот, сега и официјално соопшти дека се збогува со актерството!

Некои би рекле дека тоа е прерано за нејзината кариера, бидејќи има само 45 години, но Камерон Дијаз смета дека за Холивуд и актерската кариера дала се што има да даде, поради што сега е време да се пензионира.

Кариерата ја започна уште како тинејџерка па од светот на модата преминала на малите екрани, а набргу станала и омилена актерка на милион луѓе околу светот. Таа глумеше во многубројни романтични комедии, од кои најмногу ги паметиме нејзините улоги во „Сите се луди за Мери“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Чарлиевите ангели“ или пак „Небо со боја на ванила“. Но, на својата кариера долга две децении, Дијаз одлучила да го затвори тоа поглавје и да се посвети на приватниот живот.

„Продуцентите постојано и испраќаат понуди и сценарија, но таа воопшто не е заинтересирана. Среќна е и ужива во слободното време. Ужива в улогата на домаќинка, а повеќе од се би сакала да стане мајка“, изјавил неодамна извор близок на славната актерка.

Иако во минатото се забавувала со повеќе холивудски заводници како Џастин Тимберлејк, Џеред Лето и Алекс Родригез, Дијаз во 39-годишниот Мејден го пронашла се она што го барала.

„На некој начин сопругот успеа да ми покаже како е да се биде во однос во кој мажот и жената се еднакви во се. Никогаш претходно го немав доживеано тоа и никогаш не бев сакана на тој начин. Го гледам секој ден, во него пронаоѓам голема инспирција и мислам дека сум вистинска среќничка“, објаснила во една пригода.




Коментари

[fbcomments]