Канје Вест со контроверзна кампања за новите патики, која вклучува гола фотографија од двојничка на Ким

Секогаш провокативниот Канје Вест овој пат се надмина и себе си.

Рапериот и дизајнер ги изненади фановите кога на Твитер започна да објавува дузина од провокативни фотографии од модели кои ги носат неговите жолти Yeezy 500 Supermoon патики, и речиси ништо друго на нив.

За оваа негова кампња, 41 годишниот Вест вклучи инфлуенсери и луѓе познати во интернет просторот, вклучително и порно ѕвезда по име Лела Стар која многу личи на неговата сопруга, Ким Кардашијан.

 

Тој споделил 34 фотографии кои вклучуваат модели од различна возраст, пол и раси. Толку модели, толку фотографии, но само за еден модел на патики. И тоа само една нијанса на светло жолта боја ја носат сите модели.

Фотографиите се направени од Ели Русел Линетц, а моделите покрај патиките кои носат и други парчиња од колекцијата Yeezy, како шорцеви, кроп топ и дуксери.




Коментари

коментари