Lewis Miller е цвеќар од Њу Јорк кој прави нешто навистина интересно. Кантите се ѓубре ги трансформира во големи вазни за цвеќиња, преплавувајќи ги со прекрасни цветни дизајни.
Како сопственик на Lewis Miller Design, компанија која е специјалирана за цветен дизајн и декорција, амбициозниот артист има многу цвеќиња на располагање и тоа го користи за да создаде неверојатни дела и да ги разубави улиците на бетонската џунгла.
Наоружан со цвеќиња останати од настани, тој и неговиот тим го разубавуваат градот, како што тој раскажува, бидејќи неговата работа е да ги разубави специјалните моменти на неговите клиенти со убави цветни аранжмани, тој тоа сакал да го направи и за њујорчани.