Карактеристики на жените родени во знакот на Лав

Жената Лав лесно се одвојува од толпата – таа е онаа со најгласната и најсјајната насмевка и со најголема самодоверба од сите останати.

Со неа владее Сонцето, центарот на универзумот, па овој хороскопски знак го обожава вниманието и обично го добива. Таа е страстна, разиграна и многу жива. Одвреме навреме, жената Лав може да ги покаже канџите доколку го преминете нејзиниот праг на толеранција, па затоа, бидете внимателни со неа! Кога е во добро расположение, неа најмногу ја смируваат комплименти и подароци. Лавицата е интелигентна, духовна, силна и креативна, поради што има толку многу жени од овој знак присутни во светот на уметноста и шоу – бизнисот.

Познати жени родени во знакот на Лав кои се исклучително докажани и успешни во своите професии се Џенифер Лопез, Шарлиз Терон, Хали Бери, Мадона и Џ. К. Роулинг.




Коментари

коментари