Каролина и Македонската Филхармонија втор пат заедно: Уште два финални концерти на 20. И 22. февруари!

Поради големата заинтересираност за концертот на Каролина и Македонска филхармонија и распродадените билети за првите два концерти, на задоволство на публиката Авалон Продукција најавува уште два завршни концерти на 20. и 22. февруари, на исто место.

Фотографија: Стефан Рајхл

„Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија“, велат од Авалон Продукција.

Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.




Коментари

коментари