Категории

КАРОЛИНА СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ОТВОРЕНО ВО ОХРИД!

После концертот во Скопје, со задоволство ве каниме на уште едно дружење со Каролина, на голем концерт на отворено во Охрид!

Каролина

Ајде да летаме – GREATEST HITS

4ти август

Касарна, Охрид

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 4ти август во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (15.07) онлајн на avalon.mk, Кај
Аждер и низ нашата продажна мрежа низ Македонија по следните цени и категории:

Партер – 500
Фан пит – 700
Вип – 1200

Ајде да летаме!
Авалон Продукција