Категории

Катастрофални и смешни изјави на мажи во текот на флертувањето

Сигурно сте се нашле во некоја од овие ситуации

Што се однесува до девојките, не треба многу, доволно е почитување, искреност, малку шарм и духовитост, и секако оригиналноста не е на одмет, но на местото на мажите флертот претставува исклучителен ризик. Поради тоа не треба да им се земе за зло некоја кажана глупости, многу е позабавно да се насмеете на неговата глупост отколку да се налутите, сепак испаднале навистина храбри.
Ова се едни од најкатастрофалните изјави на мажи кои се обиделе да и се приближат на девојка, и нивните реакции..

1.Дали веруваш во љубов на прв поглед или мораш уште еднаш да поминам покрај тебе?
Не можам да ти кажам, морам да гледам многу далеку..

2.Ги заборавив клучевите од станот, дали може да преспијам кај тебе?
Секако, во мојот следен сон.

3.Малку си испотена, дали сакаш да се тушираме заедно?
Не е потребно, тоа е мојот одбранбен механизам против идиоти.

4.Всушност не сум тип за една ноќ, но со тебе би направил исклучок.
Извини, кај мене палат само мажи со принципи.

5.Дали твоите родители се терористи? Изгледаш како вистинска бомба!
Не сакаш да знаеш што ќе се случи ако експлодирам.

6.Дали имаш навигација? Нов сум овде и го барам патот до твоето срце.
Ќе го пронајдеш таму позади, каде што нема да те гледам.

7.Дали имаш твоја слика? Сакам да му ја покажам на Дедо Мраз да ја исполни мојата желба.
Ти мене повеќе ми личиш на некој кој ќе добие „корпа“.

8.Кога Бог те створил, сигурно сакал да се пофали.
А со тебе сигурно сакал да ги насмее луѓето.

9.Дали те болеше кога падна од небо?
Не толку како кога ја отвори устата.

10.Ти си веројатно причината за глобалното затоплување.
Така е, сега мораш да внимаваш, лигавата трага под твоите нозе станува се поголема.

11.Се викаш Медена или си само така слатка?
Блиску си, но всушност не момраш да знаеш како се викам..

12.Те молам, кажи им на твоите гради да не ме гледаат во очи.
Кажи му на твојот мозок да не останува дома кога излегуваш некаде.

13.Што би сакала утре наутро да ти донесам во кревет за појадок?
Без гајле, за тоа ќе се погрижи мојот дечко.