Категории

Кажете им „Збогум“ на злобните луѓе и лажните пријатели – Победете ги во нивната игра

Во овчјото крзно некогаш знаат да се сокријат и најстрашните волци

Се сокриваат толку добро со цел да ги остварат своите планови и да ја исцрпат сета енергија од луѓето кои постапуваат со добри намери кон сите. Живеат во близина на таквите личности и манипулираат на најстрашните можни начини. Иако умеат да бидат добри спрема сите, некаде длабоко во себе чувствувате дека позади нивната добрина се наоѓа нешто многу посурово.

Таквите луѓе нема да застанат се додека не докажат дека вие сте оние кои грешите додека тие се вистинските невини ликови. А кога ќе ја сфатите нивната игра, тие веќе ја оствариле својата цел.
Таквите луѓе имаат смелост да ве нарекуваат луди ако ја откриете нивната игра.

Немојте да дозволувате таквите луѓе да поминат нити секунда во вашиот живот. Да застанат помеѓу вашите цели и нивните потреби. Да ве свртат вам самите против себеси. Таквите луѓе се хранат од нечија тага и болка, живеат од манипулирањето на другите луѓе.
Кажете им „Збогум“ и откријте го нивното вистинско лице, само тогаш ќе ги изгдладнете и ќе ги победите во сопствената игра.

Прегледи:
530
Објавено на:
28.04.2020