Кажи ми што е нега? „Дерма-фест“ во Капитол Мол на 16 и 17 ноември

Во трката со времето честопати забораваме да оставиме простор за себе и негата на својата кожа како еден од клучните фактори за одржување на психофизичкото здравје.

За таа цел, на 16. и 17. ноември од 12 до 22 часот, во Капитол Мол ќе се одржи дводневниот настан „Дерма-фест“, посветен на негата, нејзината суштина и примена. Во текот на деновите на негата, присутните ќе можат на добијат стручни и корисни совети од реномирани дерматолози за најдобра нега на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Дел од овој настан се и лидерите во естетската медицина и врвната естетска дерматологија и козметологија, првиот „anti aging“ центар во Македонија – Anti Aging Center by Promoitalia. Во петок, на 16. ноември, секој од вас кој ќе присуствува на „Beauty afterwork“, од 18 до 18.30 часот ќе има можност да види како изгледа аплицирањето на најдобриот филер за усни од брендот  Teosyal kiss во живо, по случаен избор од публиката од страна на професионалците во тимот на Anti Aging Center by Promoitalia.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Во сабота пак, Anti Aging Center by Promoitalia се повторно тука за вас со информативен штанд каде што ќе можете да дознаете сѐ што ве интересира за новитетите, техниките и современите апарати за подмладување и разубавување со кои работат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Бидете и вие дел од овие два денови посветени на негата и подгответе се за многу изненадувања. Одвојте време за себе, посветете внимание на негата на вашата кожа и бидете среќни и задоволни со себе. Можеби токму вие ќе заминете од овој настан со разубавени и освежени усни.




Коментари

коментари