Казни од 1500 до 2000 евра: Забраната за движење во шума важи и за Водно

Забраната за движење во шуми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство важи и за Водно.

Ако некој биде затекнат на планината во периодот од 7 до 17 часот, ќе биде казнет. Инспектори на град Скопје секојдневно вршат контроли, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Забраната за движење во шуми од 7 до 17 часот важи и за Водно. Ако градските инспектори затекнат некого на планината во овој период, ќе му напишат казна од 1.500 до 2.000 евра.

Многу рекреативци од главниот град можеби не ја сфатија сериозно забраната за движење низ шума на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ќе важи до 15 август.

Според забраната, во шума може да се оди само по 17 часот попладне, а целта на оваа забрана е спречување пожари, кои се честа појава во летниот период.




Коментари

коментари