Ќе се изненадите кога ќе слушнете што е заслужно за беспрекорниот тен на Никол Кидман!

Таа е доследна на нејзината рутина..


Познатиот изглед на Никол Кидман е беспрекорен, иако многумина се сомневаат дека за тоа е заслужна естетската хирургија, таа тврди поинаку.

Иако има 56 години, актерката може да застане рамо до рамо со многу помлади девојки. За совршениот изглед на кожата на нејзиното лице заслужна е крема со заштитен фактор.

Во неодамнешното интервју, таа откри дека кремата за висок фактор на заштита е задолжителен чекор кога станува збор за нега на кожата на лицето. „Кога бев помлада, не се грижев многу за мојата кожа, но тоа се смени со текот на годините. Сега сум свесна дека сонцето е најголем непријател на младешкиот изглед, па затоа секојдневно ја користам оваа крема“, рече таа.

“Кога не носам шминка, крема нанесувам неколку пати на ден, а особено ако поминувам време на отворено, без оглед на годишното време”.




Коментари

коментари