Ќе ве издадат додека да трепнете – луѓето со овие особини никако не се добри пријатели

„Односот без доверба е како автомобил без бензин. Можете да останете во него колку сакате, но никаде нема да стигнете“ – Трент Шелтон

Било која врста на врска, било пријателска или емотивна побарува пред се длабока доверба, а таа мора да биде обострана. За жал, не сите луѓе се способни да функционираат по тие принципи и таквите луѓе не умеат никому да бидат добри пријатели.
Кога бирате луѓе кои ќе бидат во вашето опкружување, бидете внимателни. Овие особини ги поседуваат оние луѓе кои ни малку не знаат како да одржуваат блиска пријателска врска.

Присилена љубезност
Кога некој постојано ве опсипува со комплименти и пофалби, но тоа изгледа премногу вештачки и како тоа да не е она што тој навистина го мисли туку го кажува само тогаш кога му треба нешто од вас, е прв знак дека тој не е добар пријател. Ваквите личности најчесто за себе не откриваат ништо, но се трудат да соберат што е можно повеќе информации за вас.

Особи без ронка емпатија
Особи кои не се во можност да сочувствуваат со другите луѓе и ни малку не реагираат на туѓата тага на крајот најверојатно ќе ви го свртат грбот. Едноставно немаат таква функција во мозокот. Факт е дека ако личноста поседува барем ронка емпатија, нема намерно да направи нешто што би ве повредило.

Нарциси
Оваа врста на луѓе е искрено сигурна дека се во универзумот се врти околу нив. Тие се восхитуваат исклучиво само на себеси и не оставаат простор за љубов спрема дури личности.
Нарцисите никогаш не ги признаваат своите грешки а кога се обидувате да им укажете на некоја грешка тие ќе го свртат тоа во нивна корист и ќе направат се за да се чувствувате лошо и да се запрашате себеси дали сте биле во право.

Не знаат да го држат јазикот позади забите
Ако некој зборува за некоја друга личност на подбивен начин и притоа ве моли да не кажувате никому за тоа, треба на почетокот да ви стане јасно дека тоа е лош знак. Неопходно е да имате изразена интуиција дека таквата личност сигурно ќе го зборува истото за вас на некоја друга личност. Тие не ја сфаќаат вредноста на зборовите и не ја почитуваат ничија приватност. Фактот дека некому му нанесуваат болка воопшто не им смета.




Коментари

коментари