Ќе ви го растопат срцето: Децата споделуваат што значи поимот „љубов“

Преслатки изјави кои ќе ве разнежнат

Иако речиси штотуку зачекориле во животот, децата имаа исклучително оштра перцепција која во комбинација со нивната искреност и неисквареност ги прави мали генијалци.

Група истражувачи им поставија на децата на возраст од 4 до 8 години едно прашање: „Што значи љубовта?“ Одговорите се фантастични и многу подлабоки отколку што истражувачите би можеле да претпостават.

„Кога мојата баба имаше артритис, не можеше да се наведне и да ги налакира ноктите на стапалата. Така сега тоа секој пат го прави мојот дедо, дури и кога него го мачи артритис во рацете. Тоа е љубов.“ – Ребека, 8 години

„Кога некој те сака, тогаш поинаку го изговара твоето име.“ – Били, 4 години

„Љубов е кога јадеш компирчиња и му дозволуваш на некој да ти ги изеде сите иако ти не си земал воопшто од неговите“ – Криси, 6 години

„Љубовта е она што те поттикнува на насмевка кога си уморен“ – Тери, 4 години

„Љубов е кога мојата мајка му прави кафе на тато, а пред тоа малку пие за да проба дали е добро“ – Дени, 7 години

„Љубов е кога цело време се бакнувате, а тогаш кога ќе се уморите од бакнување и понатаму сакате да бидете заедно и потоа зборувате. Моите мајка и татко се такви, постојано се бакнуваат“ – Емили, 8 години

„Њубов е кога ќе му кажеш на момчето дека ти се допаѓа неговата маица и потоа тој ја носи секој ден“ – Ноел, 7 години

„Љубов е кога мама го гледа тато испотен и валкан и понатаму му вели дека е позгоден од Џорџ Клуни“ – Крис, 7 години

„ЊЊубов е кога кучето ќе ти го излиже целото лице иако си го оставил само цел ден“ – Мери Ен, 4 години  




Коментари

[fbcomments]