Категории

Кејт Мидлтон ја носи омилената боја на принцезата Дијана

Пред неколку дена, Кејт Мидлтон покажа колку убаво ја носи зомилената нежна нијанса што ја обожаваше мајката на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. За посета на медицинското Кралското друштво, Кејт  избра комплет на дизајнерката Џени Пакхам во пастелни нијанси на зелена која беше совршена за првиот ден од пролетта.

Покрај тоа, таа носеше кожни салонки и едноставен накит, а со ваквиот избор не потсети на принцезата Дијана, која ги сакаше пастелните нијанси на зелена боја. Дијана носеше пастелно зелен комплет за време на нејзината посета на Бакингемската палата во 1990-та година, потоа на медицинскиот симпозиум во Чикаго во 1993-та година, како и една година подоцна, на Денот на вљубените. Подолу, видете како двете дами ја носат оваа боја.

Прегледи:
368
Објавено на:
22.03.2018