Категории

Кејт Винслет конечно призна: Роуз можеше да го спаси Џек

Многу љубители на филмот Титаник, сметаат дека Роуз можела да го спаси животот на Џек, наместо да дозволи тој да смрзне во водата, додека таа себично лежела на скршената врата. А сега тоа го потврди и актерката Кејт Винслет.

Трагичниот момент во којшто љубовниот пар се раздвојува скрши милиони срца ширум светот, но многумина набрзо се запрашаа дали овој тажен крај можеби и можеше да се избегне.

Актерката Кејт Винслет којашто ја толкуваше улогата на Роуз во филмот за несудената романса на богатата дама со сиромашното момче, неодамна и конечно призна дека ликот којшто го толкуваше таа веројатно и не ја проценил сосема добро целата ситуација.

https://www.youtube.com/watch?v=iY2ASSLccj4

Гостувајќи во тв емисијата на Џими Кимел, изминатиов понеделник, на прашањето дали според Роуз сепак имало доволно место за и Џек да се спаси, Кејт Винслет одговори – “Се согласувам. Мислам дека Џек всушност и можеше да се качи заедно со мене на вратата.”

Ова го анализираше и тимот на MythBusters пред неколку години, па еве ја и нивната анализа:

Прегледи:
448
Категории:
Филмови и серии
Објавено на:
04.02.2016