Кејт Винслет порачува: „Секогаш обидувајте се да бидете подобри од претходниот пат.“

Кејт Винслет ги откри своите главни животни правила според кои се води:

1.Самодоверба
„Делувањето е 50 посто вештина, а 50 посто самодоверба и верба во себеси. Морате да имате храброст за да направите некои работи.“

2.Упорност
„Сите претпоставуваат дека нашата работа е гламурозна, но гламурозен си само кога си на црвениот тепих а останатото е напорна работа. морате да знаете да се потпрете на другата нога кога едната ќе ви се скрши.“

3.Верба во своите инстинкти
„На крајот на денот останувате сами со себе. Морате да можете да кажете, денес бев личност каква што сакам да бидам.“

4.Посветеност
„Морате да внимавате на деталите. Ништо не ме нервира повеќе од тоа кога во филм ќе забележам актерка која наутро се буди потполно нашминката и со совршена фризура. За успех е важно да не ја губите реалната слика од видикот.“

5.Постојат труд
„Секогаш обидувајте се да бидете подобри од претходниот пат. Секогаш давајте се од себе.“




Коментари

[fbcomments]