Кендал и Кајли подобри од постарите сестри Кардашијан

Младите reality ѕвезди од Keeping up with the Kardashians, сестрите Кendall и Kylie Jenner, блеснаа во мартовскиот број на Marie Claire Latin America. Сестрите позираат пред објективот на фотографот Vladimir Marti, во пролетните трендови за оваа година, стилизирани од страна на Gerard Angulo. После големата прашина што се крена по појавувањето на Kendall Jenner на ревијата на Marc Jacobs за есен 2014 на Лондонската модна недела и многубројните појавувања во жолтиот печат, дуотот прави уште еден бум. Оваа стилска двојка полека но сигурно го добива своето место помеѓу светските трендсетери.

 

 




Коментари

коментари