Ќерка напишала писмо до починатиот татко: Добила одговор кој не го очекувала!

Ешлин Марачино секоја година пишувала писмо на балон за нејзиниот починат татко и го пуштала да одлета на небото, за да може да го прочита во рајот, но никогаш не добивала одговор сѐ досега. 16-годишната Ешлин на овој начин го одбележувала неговиот роденден. Оваа година, се случило нешто за кое не можела ниту да сонува – добила одговор!

„Играм бејзбол веќе 11 години. Дали можеш да веруваш? Се надевам дека токму ти ми помогна во голем дел од натпреварите. Тажна сум дека не си во мојот живот. Не е фер. Дај ми некој знак, те молам. Било што, само да знам дека си таму. Толку ми недостигаш и сакам да се вратиш“, напишала во писмото Ешлин, чиј татко поминал во затвор 10 години, така што биле заедно само една година пред да почине, кога Ешлин имала 11 години.

Знакот стигнал пред Лиза Свисли пред која се спуштил испумпаниот балон откако летал повеќе од 640 километри. Лиза одлучила да ја изненади тинејџерката.

Пронајденото писмо го поставила во група на Фејсбук која е посветена на промовирањето и правењето добри дела.

„Сметав дека би било убаво да и пратам нешто кое ќе и пружи поддршка. Отидов на Фејсбук и ги замолив луѓето да ми помогнат“. Со помош на голем број луѓе успеале да стапат во контакт со Ешлин, а собрале и полна корпа подароци за тинејџерката.

„Додека го пишував писмото, не можев да престанам да плачам. Меѓутоа, откако го пуштив да одлета, во моментот се смирив и набљудував како лета балонот, но не мислев дека некој ќе го пронајде“, изјавила Ешлин.

„Потполно е неверојатно како балонот слета точно пред мене! Затоа и одлучив да преземам нешто. Ни во еден момент не ми падна напамет да го игнорирам писмото“, открила Лиза.




Коментари

коментари