Ќерката на Роберт Де Ниро го добила името по реката Дрина

Славниот американски актер Роберт де Ниро беше гостин на годинашниот Сараевски филмски фестивиал каде го прими Почесното срце на Сараево за животно дело.

– Ќе го чувам срцето на Сараево и ќе го помнам Сараево за убави работи, бидејќи нема многу градови на светот кои биле храбри и покажале срце кога било најпотребно во најтешките моменти – порачал легендарниот актер.

Незапамтен интерес владеел за делот на програмата која се викала „Кафе со…“ на која присуствувал Де Ниро, а како повеќето славни личности, ниту тој не бил расположен многу време да троши на деталите од приватниот живот.

Неговата  ќерка Дрена де Ниро го добила името по реката Дрина. Повеќе детали никогаш не се објавени, а се претпоставува дека за овој детаљ во нејзината биографија е „виновно“ ремек делото на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.




Коментари

[fbcomments]