Категории

Ќерката на Серена Вилијамс наполни една година, но никогаш нема да слави роденден: Ова е причината за тоа

Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханјан покажаа колку се гордеат со својата ќерка Олимпија, иако нејзиниот прв роденден во саботата помина без прослава и торта.

Не затоа што Серена моментално настапува на Ју-Ес опен, туку тоа е од верски причини. Американската тенисерка е припадник на Јеховини сведоци, а тие не одбележуваат родендени.

„Една година денеска! Ти засекогаш ги смени нашите животи. Мојата принцеза која постојано сака да истражува“, напиша Оханјан на Инстаграм под фотографијата на малата Олимпија.

„Олимпија нема да слави родендени. Ние сме Јеховини сведоци, па не го правиме тоа“, појасни Серена на една прес-конференција за време на Ју-Ес опен.

Одговорајќи му на еден фан кој прокоментира дека е тажно што неговото дете не го прославува роденденот, Оханјан кажа:

„Јас не сум припадник на Јеховини сведоци, но еве како јас гледам на тоа. Смислата на славењето родендени е да славиш живот со луѓето кои ги сакаш (и да јадеш торта). Ова дете е многу сакано и низ животот, ќе има можност многу пати да го слави животот со луѓето кои го сакаат, со многу забави и торти“.

Прегледи:
419
Објавено на:
04.09.2018