Килоти – панталоните господари на улиците ова лето! (ФОТО)

Удобните и „чик панталони“ ова лето ги освоија дамите. Станува збор за килотите.

Килотите се панталони кои најдобро може да се опишат како нешто измеѓу здолниште-панталони и бермуди. Тие даваат многу убав визуелен ефект, па затоа се неизоставен дел од гардеробата на многу дами.
Килотите имаат фантастична силуета, широки и благо волуменозни ногавици кои изгледаат многу тренди, а во исто време се многу практични и едноставни за стилизирање.


Килотите се прилагодуваат на секој моден стил, па може да се направат многу комбинации: од класични кошули и блејзери, до топчиња.
Исто така, изгледот може да се збогати со различни аксесоари.
Предноста на овие панталони е во тоа што имаат едноставен крој кој одговара на секоја градба на тело.


Килотите можат визуелно да ги издолжат нозете и секоја дама која ќе се одлучи за нив ќе изгледа повитка.
Овие панталони може да се најдат во различни материјали, како што се памук, чипка, свила. Може да бидат во различни бои и дезени.


На вас останува само да размислите за кои ќе се одлучите.




Коментари

коментари