Категории

Ким Кардашијан продолжува да воодушевува со модните избори: Покажа како се носи машко одело!

Иако последните неколку години биравме парчиња облека кои ги истакнуваат нашите облини, минатата и оваа година фокусот е на предимензионираните парчиња кои може да ги позајмиме од машкиот плакар.

Иако обожава да ги покажува своите облини, Ким не му одолеа на трендот на машки одела, па на својот Инстаграм профил позираше во предимензионирано одело кое многу лесно може да се помеша со машко одело и во потполност ја крие женската фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Но, наспроти тоа што овој аутфит не е посебно сексапилен, оваа старлета изгледаше многу женствено и елегантно во него, а дополнителна доза елеганција нејзиниот изглед доби со потпетиците и ташната со принт на змиска кожа.