Кинезите со нов лек против корона вирусот – добиле одлични резултати за 4 дена

Кинеските власти известуваат дека направиле огромен чекор напред кон пронаоѓање на лек кој ќе помогне кон побрзо решавање на светската криза со корона вирусот.

Првиот човек на Центарот за Биотехнологија на Министерството за Наука и Технологија на Кина Жанг Чингминг, објави дека се извршени првите успешни тестирања на лекот Фавипивир, кои покажале одлични резултати врз заболените лица од Ковид-19 вирусот, пренесува Гардијан.

Најдоброто во оваа вест е тоа што станува збор за веќе постоечки лек, кој е одобрен за продажба на јапонскиот пазар уште во 2014 година и засега нема негативни ефекти.

 

Според информациите од кинеските власти, кај пациентите лекувани со овој лек е забележано значително подобрување на состојбата, многу побрзо во однос на оние кои се лекувале со поинакви третмани.

Кај пациентите третирани со Фавипивир се добиени негативни тестови за коронавирус по само четири дена, додека кај останатите групи биле потребни најмалку десет дена за рехабилитација од вирусот.

„Со оглед на безбедноста, ефикасноста и достапноста на лекот, сметаме дека Фавипивир треба што поскоро да биде вклучен во лекувањето на што повеќе пациенти инфицирани од коронавирус“, се вели во соопштението на Центарот за Биотехнологија на Министерството за Наука и Технологија на Кина.

Фавипивир е лек што беше првично произведен од јапонската корпорација Фуџифилм Холдингс, првично за лекување на грип, а акцент е ставен на подобрување на респираторните функции на луѓето.




Коментари

[fbcomments]